fbpx

Орбан: Мигрантскиот бран му се заканува на европскиот идентитет

-

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека мигрантскиот бран му се заканува на европскиот идентитет и дека тој се залага за негово запирање.

– Миграцијата повторно ја пишува историјата на овие краишта, нови стотици илјади луѓе со друга култура повторно се на нашите граници. Ако не го запреме тој мигрантски бран, повеќе нема да ја има онаа Европа за која се боревме – рече унгарскиот премиер во Лендави, Словенија, на свеченоста по повод 40-годишнината од основањето на организацијата на унгарското малцинство во тој дел на Словенија.

Според зборовите на Орбан, пред европските политичари сега се наоѓаат тешки одлуки.

– За тие одлуки ќе треба да одговараме пред нашите избирачи, но и пред нашите потомци, затоа не смееме да бидеме неодлучни, ни на зборови ни на дела – рече Орбан.

Орбан додал дека секој Унгарец, секој Словенец и секој државјанин на Европа е одговорен за цела Европа и дека неговата земја е подготвена да ѝ помогне на Словенија, која се соочува со голем бран мигранти.

– Сакаме сами да одлучиме за својата судбина. Научивме како треба да живееме и како да ја искористиме слободата за која се изборивме – изјави Орбан, додавајќи дека од народот зависи дали ќе ѝ се препушти на судбината и ќе биде пасивен предмет или сам ќе се грижи за својата иднина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...