fbpx

Орбан: Да се запре имиграцијата во Европа

-

Имиграцијата во Европа треба да се запре, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан откако присуствуваше на масовниот марш во Париз, на кој им се оддавеше чест на жртвите и се изразуваше протестот против тероризмот.

– Не би требало на економската имиграција да гледаме како на нешто корисно затоа што таа носи само неволји и е закана за луѓето во Европа. Затоа имиграцијата мора да биде запрена. Тоа е ставот на Унгарија – изјавил Орбан за унгарската државна телевизија.

Тој додаде дека единствениот исклучок треба да бидат оние кои бараат политички азил.
– Унгарија нема да стане целна дестинација за имигранти. Ние тоа нема да го дозволиме, барем додека јас сум премиер и сè додека оваа влада е на власт – рече Орбан.

Според податоците на унгарската национална статистичка служба (КСХ), околу 350.000 Унгарци живеат и работат надвор од Унгарија. Најголемиот дел од нив се во Германија, Британија и во Австрија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...