fbpx

Орав: Посетата на Хајндл ќе влијае на развојот на настаните

-

Еврокомесарот Аиво Орав денеска изјави дека очекува посетата на специјалниот германски пратеник Јоханес Ханјдл на Македонија да влијае на развојот на настаните околу решавањето на политичката криза и најави оти меѓународната заедница ќе продолжи да го помага процесот.

– Се надевам дека оваа посета денеска ќе влијае врз развојот на настаните. Минатата недела јас и амбасадорите на другите членки на ЕУ дадовме изјава и тоа не беше само изјава заради изјава. Сакаме да ги поттикнеме сите страни да постигнат договор во однос на Договорот од Пржино, но, за жал, нема многу позитивни работи да бидат пријавени денеска – изјави Орав по работниот ручек на амбасадорите на земјите членки на ЕУ со Хајндл.

Орав, сепак, се надева дека утре ќе има состанок на работната група на сите четири партии и, како што наведе, можеби ќе се тргне напред. Тој не сакаше да ја коментира содржината на меѓупартиските разговори.

– Нашата улога е да ги собереме сите партии заедно и да им помогнеме да го унапредат процесот. Меѓународната заедница има блиски консултации тука и очекуваме дека политичката криза наскоро ќе биде завршена – рече Орав.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...