fbpx

Орав: Кризата во Македонија трае предолго

-

Евроамбасадорот Аиво Орав на денешната традиционална средба по повод Денот на Европа, со амбасадорите од земјите членки ЕУ, актуелниот и со поранешните вицепремиери за европски прашања, рече дека кризата во Македонија трае предолго и дека треба да се донесат тешки и сериозни одлуки.

– Минатиот месец го видовме и самиот леден брег кога беше донесена одлуката за аболиција. Нема време за губење. Тешки и сериозни одлуки треба да бидат донесени деновиве од тие што се одговорни за ситуацијата, така што заедно ќе одиме напред. ЕУ е тука ако ви треба нашата помош. Ние во ЕУ, исто така, многу се надеваме дека оваа криза ќе биде оставена зад нас и дека ќе ги почнеме преговорите со вас кога тоа ќе биде можно – рече Орав.

Вицепремиерот Арбер Адеми изјави дека факт е оти Македонија најдолго ја имплементира ЕУ-агендата од сите земји во регионот и оти не може да се сокрие дека земјата е во најкомплексна криза која е неодржлива.

Холандскиот амбасадор, Вилем Ваутер Пломп, изрази надеж дека лидерите ќе најдат мудрост и храброст да постигнат решение и дека напорите на меѓународната заедница ќе придонесат за наоѓање на тоа решение.

Американскиот амбасадор Џес Бејли, пак, посочи дека остануваат во комуникација со политичките партии.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...