fbpx

Општината Кочани ќе крати од буџетите на училиштата поради долгот за бесплатниот превоз на учениците

-

Долгот на кочанските училишта кон превозниците, за неколку годни колку што се спроведува владиниот проект за бесплатен превоз, достигна близу милион евра. Ова го тврди кочанската опозиција, која нема точен податок во врска со износот на долгот.

Советот на Општината Кочани на последната седница донесе одлука да им одбива од блок-дотациите на училиштата, што стигнуваат од централната власт. Ќе им се крати од ставките за електрична енергија, загревање, канцелариски материјал, објавување огласи, одржување на зградите, па дури и од ставката плати на други вработени и основни придонеси за ПИОМ. На седницата на Советот беше поставено прашањето дали и со овие редуцирани трошења, во и онака скромните буџети на училиштата, ќе се реши проблемот со долгот кон превозниците.

– Со целиот износ на намалување на ставка, од законски дозволената 20 отсто и проширување за 700.000 денари, доаѓаме до износ на средства што останува како салдо од претходниот месец и износот на материјалните трошоци добиени како дотација од надлежното министерство – рече Дејан Рашков од секторот за финансии на Општина Кочани.

На ваков начин, преку проширување на ставките и кратењето, планот на Општината е за една година да се обезбедат 16 милиони денари, што е недоволно да се покрие долгот од близу 60 милиони денари.

Проблемот со долговите од бесплатниот ученички превоз им натрупа долгови на општините. Штип е уште една од општините со долг за превоз, меѓутоа овој проблем им го префрли на училиштата. На прашањето за тоа како Општината ќе го решава заостанатиот долг и дали во општинскиот буџет за 2017 година има предвидено пари, раководителот на секторот финансии, Трајче Цветков, рече дека тоа не е во надлежност на Општината.

– За ова прашање не можам да одговорам бидејќи Општината не го плаќа превозот, туку тоа си го регулираат училиштата според јавните набавки, кои си ги регулира секое училиште според своите потреби, а според средствата што ги добиваат редовно од блок-дотациите од државата – изјави Цветков.

Во ревизорскиот извештај на Министерството за образование и наука утврдено е дека само во 2015 година, училиштата врз основа на превоз на ученици должеле 4,9 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Фотографија од човек во воз не го прикажува Пригожин, ниту пак, докажува дека тој е жив

Иако човекот на фотографијата наликува на шефот на Вагнер, сепак на фотографијата има детаљ кој покажува дека не се работи за него. Како што пишува Њузвик, ушите на Пригожин се поинакви...