fbpx

Општина Тетово одлучи да се задолжи со 4 милиони евра

-

Одлука за отпис на долгови на социјални случаи, прогласување на дел од улиците во Тетово за еднонасочни, одлука за долгорочно задолжување на Општина Тетово, се само дел од 35-те точки што беа усвоени на денешната 24. седница на Советот на Општина Тетово.

– Одлуката Oпштина Тетово да се задолжи долгорочно е за реализирање на голем број проекти значајни за градот – изјави Ермира Фида, раководителка на секторот за финансии при Општина Тетово.

Против оваа одлука,гласаа советниците од опозицијата ДПА, СДСМ и ВМРО-НП. Тие сметаат дека Општината, поради наследените долгови кои ги има кон доверители, не ќе може навреме да го исплаќа кредитот. Од секторот за финансии одговорија дека само преку долгорочен кредит, во случајов во висина од 4 милиони евра, може да се решат комуналните и инфраструктурни проблеми во Тетово.

– Кредитот ќе се бара преку програмата на Владата на Република Македонија и доколку се одобри, парите ќе бидат наменети за изградба и за целосна реконструкција на патишта, изградба на атмосферски и на фекални канализации, изградба на водоводни системи и слично – изјави Ермира Фида.

На седницата беше усвоена и одлука за отпис на долгови на социјални семејства.

– Станува збор за отпис на комунална такса за улично осветлување, во вредост на 792.000 денари – изјава Фида.

На седницата, се освои одлука за прогласување на 11 улици за еднонасочни, за намалување на сообраќајниот хаос во градот. Беа усвоени и неколку точки за изградба на нови локални патишта, кои водат кон шарпланинските села.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Студентот Филип Алчевски победи на хакатонот за зелено инженерство

Филип Алчевски со темата „Иновативни употреби на летечката пепел за одржлив развој“, е победник на хакатонот за зелено инженерство, кој се одржа на Технолошки-металуршкиот факултет (ТМФ). Второто место го освои...