fbpx

Општина Струмица: Обвинителството на Зврлевски лаже

-

Секретарот на Општина Струмица, Кирил Парталов, денеска ги отфрли како лажни наводите од истрагата што Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција ја отвори против „висок функционер на Општината“ поради злоупотреба на службената положба.

– Лага е дека за асфалтирање на една иста улица во општина Струмица биле распишани четири посебни договори, поради што Јавното обвинителство под раководство на Марко Зврлевски, придружник по балови на Сашо Мијалков, одлучило да спроведе истражна постапка за висок функционер во Општина Струмица. Не е точно дека се работи за една улица, туку се работи за четири посебни улици. Улиците дури и не се наоѓаат во непосредна близина. За нив е извршена посебна проценка при што е утврдена поединечна вредност за секоја улица и нивната вредност поеднинечно не надминува 5.000 евра – рече Парталов.

Тој истакна дека нема ништо незаконско во постапката што ја спровела Општината и дека целокупната нејзина документација е јавна.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Македонија гласа: Седми претседателски избори со седуммина кандидати

Денеска се одржуваат седмите претседателски избори во Република Северна Македонија, а за функцијата Претседател на РСМ се натпреваруваат седум кандидати. Со право на глас на Претседателските избори 2024 во Избирачкиот...