fbpx

Општина Прилеп ќе формира претпријатие за гасификација

-

Општина Прилеп ги интензивира активностите за гасификација на градот. На последната 20 седница на Советот е донесена одлука, Општината да биде основач на Jавно претпријатие за енергетски дејности „Енерго Прилеп“. Ова јавно претпријатие ќе се грижи за реализација на проектот за гасификација на градот.

„Постапката за формирање на јавно претпријатие е подолга, во периодот кој претстои ќе имаме обврска да го подготвиме Статутот, да ја утврдиме неговата точна дејност, да се изберат органите на управување, кои ќе раководат со јавното претпријатие, со цел спремни да ја дочекаме гасификацијата“, вели Миле Талевски, претседател на Совет на Општина Прилеп.

Како што истакнува градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски, до крајот на својот мандат, ќе се заложи за што поквалитетна и поцелосна реализација на сложениот и обемен проект за гасификација на градот.

„Гасификацијата на Прилеп е проект и од мојата изборна програма, затоа инсистирам ветеното да биде реализирано. Одделот за ЛЕР спроведува анкета со стопанските субјекти, која што е неопходна за утврдување на капацитетот на секундарната гасоводна мрежа. Изготвена е и Програма за енергетски развој на Општина Прилеп за следните две години, така што до крајот на мојот мандат, ќе бидат реализирани сите активности кои што ги дозволува овој долг и сложен процес за поголема енергетска ефикасност на градот“, истакна за „Мета“ градоначалникот Јованоски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...