fbpx

Општина Охрид до крајот на јуни ќе ги исплати долговите кон 70 доверители

-

Исплатата на обврските кон 70 доверители на кои општина Охрид им должи 470 милиони денари основен долг и уште толку за камати треба да заврши кон крајот на месец јуни.

Имено Охрид како најзадолжена општина во државава има можност, со најавената помош од Владата, конечно финансиски да се консолидира. Општината доби на располагање неповратни средства во висна од 495 милиони денари кои до 30 јуни оваа година треба да им бидат префрлени на сметка на доверителите кои сумирано со камати имаат побарувања од околу 940 милиони денари.

Константин Георгиески, в.д градоначалникот на општината, вели дека сега следува макотрпен процес на преговарања со доверителите и изготвување на една ранг листа по која ќе се рангираат согласно законот. Таа ранг листа ќе биде предложена до Советот на Општина Охрид, којшто треба да ја изгласа и сите тие пари општината да ги исплати на доверителите до 30 јуни оваа година. Освен долгот кон доверителите, досега големо оптеретување за општината беше и нефункционалниот колекторски систем и натрупаните долгови.

-Доколку изборите се некаде во април, заедно со претседателските избори, имаме 3-4 месеци кои ќе бидат клучни во однос на преговарање со доверителите и правење на еден голем исчекор во насока на деблокирање на општината. Вкупниот долг на колекторот е некаде околу 900 милиони денари кој ќе биде преземен од страна на државата и ќе бидат инвестирани дополнителни три милиони евра за дополнителна модернизација на колекторот – вели Георгиевски.

Речиси половина од долгот на општината отпаѓа на натрупани затезни камати кои и понатаму од ден на ден ја обременуваат задолженоста на градот. Минатата година Општина Охрид распиша јавен повик врз основа на кој се склучија спогодби со одреден број доверители и на таков начин беше остварена заштеда од преку 300.000 евра со тоа што доверителите се откажаа од каматата која ја побаруваат, информираа тогаш од локалната самоуправа.

Градот најголеми износи им должи на градежните фирми „Гранит“ и „Илинден“. Селективност и фаворизирање кон одредени доверители, при сервисирањето на долговите, ниту смее ниту ќе има, велат од општината. Дополнително општините ќе мора јавно да ги објават податоците за тоа како ги трошат парите на граѓаните.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...