fbpx

Опозицијата во Кочани ја напушти седницата на Советот

-

Кочанската опозиција ја напушти денешната седница на Советот на Општината по жолчната расправа за воведување на СМС-пораки за наплата за паркирање. За опозицијата воведувањето на овој тип наплата ќе значи зголемување на цената за еден час паркирање, што се коси со веќе донесената одлука на Советот.

– Освен десетте денари што ќе се наплаќаат за час, ќе се плаќа една порака за најавување и една порака за одјавување, што значи дека услугата за операторот ќе биде поголема од 10 денари – изјави Љупчо Стојилков, член на Советот на Општина Кочани.

Стојилков уште предложи да се стопира наплатата на таксата за паркирање со СМС додека не се направи анализа на трошоците, во што беше поддржан и од другите негови колеги советници од опозицијата.

Зовриената атмосфера се обиде да ја смири градоначалникот Ратко Димитровски.

– Со ова што е воведено паркирање на повеќе начини, воопшто не е променета цената, значи цената си останува иста и наплатата може да биде на повеќе начини. Стариот систем што беше со вадење пари од џеб и со фискална сметка за 10 денари си останува, а со СМС исто чини 10 денари, меѓутоа се наплатува СМС-пораката – рече Димитровски.

Градоначалникот смета дека на овој начин не се менува цената за паркирање во Кочани, со што не се сложија опозициските советници. Тие од говорниците обвинија дека Општината и јавното претпријатие целата постапка ја водат нетранспарентно.

Откако мнозинството не го прифати предлогот да се внесе точка во дневниот ред со која се запира постапката за наплата на паркирањето со СМС, опозицијата ја напушти седницата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...