fbpx

Опозицијата во Албанија официјално се откажа од учество во изборите

-

Дваесет опозициски партии денеска испратија писмо до Централната изборна комисија на Албанија дека нема да се регистрираат како учесници во изборите ниту како поединечни партии ниту како опозиција, официјализирајќи го така својот бојкот на изборите. Тие велат дека ќе стојат на одлуката сè додека не се постигне политички договор што ќе овозможи слободни и фер избори.

„Партиите од опозициската коалиција денеска формално застанаа зад одлуката да не се дозволат фалсификувани избори, избори купени со пари од дрога и од криминал. Ќе учествуваме на изборите само ако се формира техничка влада со широка политичка поддршка, која ќе овозможи примена на законите за процесот на декриминализација, ефикасна борба со трговијата со дрога, борба против организираниот криминал и перењето пари од дрогата, како и ќе создаде услови за слободни и фер избори“, порача Демократската партија, која е предводник на бојкотот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...