fbpx

Опозицијата реагира на оставката на Ставрески: Се распаѓа бетонот на „фамилијата“ на власт

-

Опозициските СДСМ и НСДП денеска реагираа на оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески. Од СДСМ велат оставката на Зоран Ставрески покажува дека се распаѓа бетонот на „фамилијата“ на власт.

– Еден од клучните играчи на режимот го напушти бродот што тоне. Зоран Ставрески долго време знаеше дека се уништува економијата и осиромашуваа граѓаните, додека „фамилијата“ се богатеше. Сè има свој почеток и свој крај. Крајот на режимот е блиску. На Зоран Ставрески му посакуваме добро здравје – рече Дамјан Манчевски.

Од НСДП велат дека Ставрески си поднел оставка зошто не можел да го трпи притисокот од неговиот кумашин Никола Груевски.

„Човекот што ја даде колективната дијагноза за владата на Никола Груевски – „Ние сме лудаци“, конечно си поднесе оставка. Покрај Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Сашо Мијалков, како и министерот Иво Ивановски кој избега во Бугарија, и Зоран Ставрески се приклучи на функционерите на Никола Груевски кои си поднесоа оставки. НСДП очекува нивниот пример да го следат и другите членови на „злосторничкото здружение“, кои извршуваат министерски функции“, пишува во соопштението на НСДП.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...