fbpx

Опозицијата поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник

-

Битолската опозиција денеска до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против битолскиот градоначалник Владимир Талески. Лидерот на битолските социјалдемократи и пратеник, Васко Ковачевски, рече дека кривичната пријава ги содржи сите наводи кои стојат во разговорот од снимките, објавени од СДСМ, меѓу министерот за финансии, Зоран Ставрески, и министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска.

– Во своето признание, Ставрески го нарекува Талески „тежок криминалец“ кој потпишал, цитирам: „коруптивен до даска договор“. Станува збор за договор за превоз на ученици, од јуни 2010 година, во кој договорените цени се дури 10 пати повисоки отколку пазарните цени. Очекуваме Обвинителството да постапи во согласност со законите – изјави Ковачевски денеска пред зградата на обвинителството во Битола.

Според Ковачевски, оваа кривична пријава против Талески ќе мора да биде сериозно разгледана, поради тоа што зборовите излегуваат од устите на неговите сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ.

– Немаме доверба во судството поради контролата на власта над правосудните органи, но ние ги почитуваме Уставот и законите и сакаме да оставиме трага од сите овие процеси – додаде тој.

Пред две недели градоначалникот Талески, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали ќе поднесе кривични пријави против министрите заради навредливите зборови во аудиоснимките, кусо одговори дека нема потреба од тоа.

А.Б.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...