fbpx

ОН предупредуваат дека Алепо може да стане голема гробница

-

Источниот дел на Алепо се заканува да стане „голема гробница“ доколку не заврши конфликтот и не се достави хуманитарна помош, оцени шефот на хуманитарните операции на Обединети нации, Стивен О’Брајан.

О’Брајан побара помош од Советот за безбедност на ОН, кој итно заседаваше на барање на Франција, но состанокот е завршен без конкретни резултати.
Според проценките на О’Брајан, од саботата од источниот дел Алепо побегнале 25.000 цивили.

– Неколку десетици цивили загинаа во само еден воздушен напад – рече О’Брајан, кој не соопшти други детали за нападот.

Според неговите зборови, поради недостиг од возила за итна помош, ранетите се превезуваат со товарни колички.

– Многу е веројатно дека илјадници жители ќе бегаат ако продолжат судирите. Апелираме, односно молиме страните во конфликтот и оние кои имаат влијание на нив да сторат сè што можат да го заштитат населението и да овозможат пристап во источниот дел на Алепо пред да стане огромна гробница – додаде О’Брајан.

Во источниот дел на Алепо под опсада се наоѓаат 250.000 цивили.

Во Сирија во текот на петгодишната војна загинаа повеќе од 300.000 луѓе, а неколку милиони се раселени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...