fbpx

ОН: Можен е пораст на злосторствата против човештвото во Венецуела

-

Претседателот на Венецуела, Никола Мадуро, би можел да продолжи да ги урива демократските институции, а злосторствата против човештвото би можеле да се зголемат, изјави високиот претставник за човекови права на Обединетите нации, Зеид Рад ал Хусеин.

Тој рече дека постои можност да бидат извршени злосторства против човештвото, кои би можело да се докажат со понатамошна казнена истрага.

Од канцеларијата на високиот претставник на ОН за човекови права, минатиот месец соопштија дека припадници на венецуелските сили за безбедност извршиле големо кршење на човековите права при разбивање на демонстрациите против власта во земјата и дека демократијата во Венецуела е „одвај жива“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...