fbpx

ОН: ИСИС врши масовни воени злосторства

-

Џихадистите на Исламска држава се одговорни за злосторства од масовни размери во Сирија, каде вршат терор, обезглавуваат, каменуваат и стрелаат цивили и војници, стои во извештајот на истражителите на Обединетите нации.

Извештајот на ОН се темели на разговори со повеќе од 300 мажи, жени и деца кои побегнале или сè уште живеат во упориштата на ИСИС во североисточна Сирија, вклучувајќи го и градот Алеп.

ИСИС наметнува своја етика, која се темели на радикално толкување на исламскиот закон, а ги спроведува „полицијата за морал“, која наредува камшикување и ампутација „за кривични дела како што се пушење или кражба“, се наведува во извештајот на ОН.

Врз децата се врши притисок да ги кодошат родителите, жените се убиваат поради неодобрен контакт со маж, а христијаните и другите малцинства се принудени да плаќаат даноци или да ја променат верата, тврдат истражителите на ОН.

„Масакрираните тела на мажите често се изложуваат на виделина за да го предупредат локалното население какви последици го чекаат доколку не се потчини на ИСИС“, велат истражителите.

ИСИС им скратува храна и лекови на илјадници луѓе, а своите припадници ги крие меѓу цивили откога коалицијата предводена од САД почна да ги бомбардира нејзините позиции во Ирак и во Сирија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Без проблеми тече гласањето во казнено-поправните установи

На гласачките места во 14 казнено поправни установи своето гласачко право денеска ќе можат да го остварат 2.147 гласачи. Сите гласачки места во казнено поправните установи се отворени утрово во 7...