Известувачите за човековите права на ОН во Сирија денеска соопштија дека не треба да се чека завршувањето на судирите за да се почне со подготовките на судењата за воени злосторства.
– Не треба да се чека постигнување на конечен мировен договор за да се усвојат мерките за поставување на основата на одговорност – рече претседателот на Меѓународната комисија за истрага во Сирија, при Советот за човекови права на ОН, Паоло Пинхеиро.
Тој ги повика сириската влада и опозицијата на мировните преговори во Женева да се согласат на мерки за градење доверба, вклучувајќи и безусловно и итно ослободување на сите произволно притворени затвореници, како и воспоставување механизам за следење на исчезнатите лица.