fbpx

ОМД упати апел до Македонците од дијаспората да се регистрираат и да гласаат

-

Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас, велат од Обединетата македонска дијаспора.

„На 11 декември, Република Македонија ќе се најде пред една од најважните крстосници во своето 25-годишно постоење како независна држава. Единствениот начин да ја извлечеме нашата татковина од длабоката политичка криза во која се наоѓа е да излеземе во што поголем број на гласачките места и да го изразиме нашето демократско право на глас. Во овие специфични времиња, ваквото право е, всушност, морална обврска и должност пред идните генерации Македонци да се врати државата на вистинскиот пат како демократски социоекономски стабилен лидер во Балканот од кој скршна поради кризата. За разлика од претходните избори во мај 2014 година, овојпат мораме да имаме фер натпревар чиј резултат ќе биде недвосмислено признаен и од победникот и од поразениот“, велат од ОМД.

Обединетата македонска дијаспора упати апел до политичките партии да ги почитуваат законските и етичките норми, како во предизборната кампања така и на денот на изборите, а до Македонците од дијаспората да се регистрираат пред 11 ноември.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...