fbpx

Оланд: Потребни се итни хуманитарни мерки во Сирија

-

Францускиот претседател, Франсоа Оланд, повика итно да се спроведат хуманитарни мерки во Сирија за да се создадат услови за „веродостојно примирје“.

Оланд денеска, две недели пред почетокот на мировните преговори за Сирија во Женева, се сретна со Раид Хидџаб, координаторот на опозицискиот тим што ќе преговара со сириската влада.

Францускиот претседател во соопштението наведе дека треба да се овозможи хуманитарната помош да стигне во опколените области, особено во градот Мадаја, кој е под контрола на бунтовниците.

Оланд рече дека сирискиот претседател Башар ал-Асад не може да има улога во иднината на Сирија.
Хидџаб изјави дека опозицијата ќе преговара ако се исполнат неколку услови.

– Не можеме да преговараме со режим сè додека силите на власта го напаѓаат сирискиот народ – рече Хадџиб, при што ги критикуваше и руските воздушни напади.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...