fbpx

Оланд, Меркел, Путин и Порошенко го поддржаа прекинот на огнот во Украина

-

Лидерите на Франција, Германија, Русија и Украина денеска во телефонски разговор ја потврдија посветеноста на прекинот на огнот и повлекувањето на тешкото вооружување од истокот на Украина, соопшти Елисејската палата.

Франсоа Оланд, Ангела Меркел, Владимир Путин и Петро Порошенко во текот на двочасовниот разговор ја споменале и подготовката на локалните избори на истокот на Украина, кои се предвидени на почетокот на следната година.

Лидерите, кои последен пат разговарале на состанокот на 2 октомври во Париз, го истакнале значењето на примената на сите одредби од мировниот договор од Минск во текот на 2016 година.

Тие договориле следниот состанок на шефовите на дипломатија на четирите држави да биде одржан во февруари.

Речиси 9.000 лица настрадале од почетокот на април 2014 година во судирите меѓу проруските и украинските сили за безбедност.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...