fbpx

Околу 400 туристи од Македонија „заглавени“ во Истанбул

-

Околу 400 туристи од Македонија, кои за првомајските празници со седум автобуси заминале во Истанбул, биле задржани во два хотели бидејќи туристичката агенција што го организирала патувањето не платила за престојот, пренесува „Утрински“, повикувајќи се на информации од патниците.

Според информациите на весникот, на патниците во Истанбул не им било дозволено да се вратат во Македонија бидејќи сопственикот на туристичката агенција што го организирала патувањето не платил за престојот.

Дел од патниците за весникот рекле дека сопственикот на агенцијата бил приведен од истанбулската полиција и дека нивното враќање во Македонија зависело од тоа дали ќе бидат намирени трошоците за престојот.

За целиот случај тие го информирале конзулот на Македонија во Истанбул.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...