Ирачките специјални сили преселиле околу илјада лица од село кое се наоѓа во близина на линијата на фронтот за ослободување на Мосул од Исламска држава.
Според извештаите на ОН, милитантите во последните денови извршиле бројни злосторства.
Меѓународната организација за миграција соопшти дека од почетокот на офанзивата на 17 октомври се раселени околу 9.000 лица.
Повеќе од 25.000 припадници на ирачката војска, курдски сили и шиитската милиција напредуваат кон Мосул од различни насоки.
Ослободувањето на градот би можело да потрае со месеци.