fbpx

ОЈО во Битола, Скопје и во Кочани водат истраги за шест случаи поврзани со изборите

-

Основните јавни обвинителства во Битола, Кочани и во Скопје почнале предистражни постапки за шест случаи за извршени кривични дела поврзани со изборниот процес.

Како што соопштија денеска од Јавното обвинителство, еден од случаите е во Основното јавно обвинителство Битола, два се во ОЈО Кочани и три во ОЈО Скопје.

„Делата за кои се водат постапките се однесуваат на поткуп при избори и гласање од член 162 од Кривичниот законик, злоупотреба на избирачко право од член 161 од КЗ и на изборна измама од член 165 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на Јавното обвинителство.

Основните јавни обвинителства работат и на други седум настани, за кои добиле известувања од Министерството за внатрешни работи или пријави од граѓани и други надлежни институции, за кои постои сомнеж дека се со елементи на извршени кривични дела.

– Во текот на изборниот ден, во Основните јавни обвинителства , како и во Комисијата за следење на изборни нерегуларности и преку електронската адреса [email protected] пристигнати се бројни известувања. Во голем дел од пристигнатите известувања не се утврдени елементи на сторени кривични дела за кои гонењето се презема по службена должност и кои се предвидени во глава 16 од Кривичниот законик. За другите известувања, јавните обвинители преземаат дејства во предистражна постапка за да се утврди постоење на кривичното дело и кој е сторителот – изјави претседателот на привремената Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности, јавниот обвинител Џељаљ Бајрами.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Собранието ги изгласа измените на Законот за извршување на санкциите

Со 78 гласа „за“, Собранието денеска го изгласа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за извршување на санкциите. Од Министерството за правда соопштија дека Законот има за цел решавање...