fbpx

ОЈО Скопје нареди истрага за загинувањето на планираните на Кајмакчалан

-

Основното јавно обвинителство Скопје денеска соопшти дека отворило предмет за расветлување на случајот на планинскиот врв Кајмакчалан, во кој животите ги загубија македонските планинари, Калина Велевска и Александар Миновски.

„Надлежен јавен обвинител издаде наредба до Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за насилен криминал за да се извршат проверки во Федерацијата на планинарските спортови на Македонија по однос на тоа кој, кога и како ја организирал планинарската експедиција, кои се потребните услови за таква организација и дали тие биле исполнети, како и други околности“, стои во соопштението на Обвинителството.

Истовремено, додаваат оттаму, издадена е наредба да се направат проверки и во планинарското друшто „Трансверзалец – Скопје“, на нивните акти и одлуки врз основа на кои се организираат планинарските експедиции, потребните услови што треба да се исполнат, како и околностите пдо кои се спроведувало искажувањето на Кајмакчалан.

„По наредба на надлежниот обвинител треба да бидат обезбедени и листинзите на појдовни и дојдовни повици од мобилните телефони на починатите планинари“, наведуваат од ОЈО Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
ФИНКИ

ФИНКИ бара Владата да ги ослободи бараките на Техничкиот кампус, во спротивно најавува протести и штрајк

Најбројниот факултет во земјава – Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) бара од Владата решение за просторниот проблем со кој се соочува институцијата. Со повеќе од 5.000...