fbpx

ОЈО Скопје ја отфрли пријавата против 10 судии за бегството на Грујевски и Бошковски

-

Основното јавно обвинителство денеска соопшти дека ја отфрлило кривичната пријава поднесена од Здружението за истражување, развој и анализа „Зелена лупа“ против десет судии, со која тие се товареа за злоупотреба на службената положба и овластување.

„Зелена лупа“, чиј претседател е Ване Цветанов, поранешниот прв човек на Управата за спречување перење пари, поднесе кривични пријави за судиите што одлучувале за притвор за поранешните функционери на МВР, Горан Грујевски и Никола Бошковски, кои избегаа од земјава. Станува збор за тројца судии од Кривичен суд Скопје, тројца од Апелациски суд Скопје и четиримина од Врховен суд.

Здружението ги товареше првите тројца судии дека како членови на Советот на Основен суд Скопје 1 Скопје, во кривичната постапка против Грујевски и Бошковски, и покрај постоење докази за опасност од бегство, го одбиле предлогот за определување притвор на двајцата поранешни функционери во МВР.

Пријавените тројца судии од Апелацискиот суд Скопје, пак, според наводите во пријавата, како членови на Советот на второстепениот суд донеле решение со кое ја прифатиле жалбата на обвинителството и го преиначиле решението на Советот на Основен суд Скопје 1 Скопје спрема обвинетите, но во решението навеле дека против истото е дозволено право на жалба, која го одложува извршувањето.

Според пријавата, четиримината судии на Врховниот суд како членови на Советот на највисокиот суд во земјава одлучувале по жалбата на обвинетите, наместо да ја отфрлат како неоснована.

Основното јавно обвинителство ја отфрлило кривичната пријава на „Зелена лупа“ против десетте судии, бидејќи не утврдило злоупотреба на службената положба од страна на судиите, за кои смета дека постапиле согласно чл.11 ст.1 од Законот за судовите, кој пропишува дека судијата одлучува непристрасно со примена на законот врз основа на слободна оцена на доказите.

„Во донесените одлуки пријавените јасно ги образложиле причините за одлуката што ја донеле“, велат од Обвинителство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...