fbpx

ОЈО-Скопје чека извештај од обдукцијата на телото на лекарката

-

ОЈО-Скопје го очекува од Институтот за судска медицина – Скопје извештајот за обдукцијата на телото на 53-годишната Ј.М.С, која завчера вечер била пронајдена мртва во сопствениот дом, соопштија од одделението за односи со јавноста при скопското обвинителство.

Штом обвинителството добие нови информации, ќе ги сподели со јавноста, порачаа од оваа институција.

Во рамки на истражната постапка, вчера беа вршени сослушувања, биле подигнати траги од местото на настанот, а беше побаран и видеоматеријал од безбедносните камери на објектите близу зградата во која живеела лекарката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...