fbpx

Охриѓани масовно се иселуваат!

-

Што му се случува на македонскиот туристички и летен културен центар? Дали е можно жителите од најубавиот град во земјата така интензивно да се иселуваат? Кои се причините? Ако се суди според податоците од Публикацијата за миграција од 2013 година на Државниот завод за статистика, ситуацијата со иселувањето е алармантна и споредбите со „град на духови и на пензионери“ не се претерани.

Охрид ја држи водечката позиција во Република Македонија по бројот на иселените во последниве години. Во 2012 година се иселиле 1.296 граѓани од кои 983 во странство. Неофицијално, тој број е далеку поголем и некогаш стигнува дури до 10 проценти годишно. Колку за споредба, од Куманово се отселиле само 310 луѓе, од Битола – 398, од Велес – 260, а од соседна Струга тој број е 437. Од Охрид во 2011 година се отселиле 1.060 луѓе, додека во 2009 и во 2010 година вкупно 1.478 граѓани. Но, охриѓани велат дека тој број е далеку поголем од официјалните бројки на институциите и е резултат на погрешните политики што се водат години наназад.
На пописот во 2002 година, Охрид имаше нешто повеќе од 55.000 жители. Колку има сега, никој не знае. Некогаш за овој град се велеше дека го развива туризмот, а живее од индустријата. Денеска, ниту го развива туризмот, ниту живее од индустријата, која е на колена. Од некогашните повеќе од 20.000 вработени во големите гиганти „Отекс“, ЕМО и „Застава-Херој Тоза Драговиќ“, не останаа ниту илјада. Не постојат како производствени капацитети.

Затоа, денес невработеноста во Охрид е на ниво од 40 проценти, дури 11 проценти поголема од официјалниот македонски просек, а БДП по жител е помал за 22 отсто од оној во земјата. Тоа е основната причина за иселувањето на охриѓани. Не се живее од два месеци туризам и не сите имаат допир и добивка од гостите, кои ги има сè помалку. Од друга страна, во Охрид, по Скопје и Тетово, е најинтензивна станбената изградба. Никнуваат нови населби со викенд-станови, кои наскоро, се шегуваат охриѓани, ќе ги има повеќе од бројот на жителите!
Дека треба нешто итно да се преземе, да се изгради нова стратегија, се согласни сите. Опозицијата, која изминатите два мандата го водеше градот, напаѓа, владејачката ВМРО-ДПМНЕ не го крие проблемот. Дејан Пановски, советник во Советот во Општината, дури предлага одржување специјален самит за Охрид, во функција на изработка и на стратегија за иднината на градот.

– Години наназад, Охрид има големи наследени долгови, блокади, тешка реализација на буџетот, долг пред УЈП, најголемо иселување, мртво стопанство, а туризмот не носи очекувана економска добивка. Тоа се доволно аргументи дека на Охрид итно му е потребна нова, поинаква стратегиска рамка за иднината. Во таа насока, дадов предлог до највисоките органи на Општината да преземат иницијатива и лидерство, за одржување на еден вид специјален состанок или самит за Охрид, во функција на изработка на стратегија за иднината – прецизира Пановски.

М.В.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...