fbpx

Охриѓани ќе добијат само 15 отсто обесштетување за ланскиот земјотрес

-

Владата на РМ обезбеди повеќе од шест милиони денари за обесштетување од претрпените штети од јулскиот земјотрес во Охрид од минатата година. Со ова за обесштетување на правните и физичките лица кои пријавиле штети на располагање, општината ќе има 6.451.013 денари кои ќе бидат префрлени на посебна сметка. Со решение на градоначалникот на Општина Охрид, ќе бидат обесштетени 862 објекти од кои 60 се на правни лица, 802 на физички лица.

„Во наредниов период ќе почне исплата на овие средства, според претходно изработениот елаборат од Општинската комисија за проценка на штети. Во зависност на тоа колкави се оштетувањата и каква е преценката така и ќе бидат исплатени средствата“ вели Томе Џамтоски, портпарол на Општина Охрид.

Од општинска комисија за проценка на штети од Охрид потврдуваат дека обесштетување ќе има за сите поднесени 862 барања, но потенцираат дека обесштетувањата ќе бидат во висина од 15 отсто. Исплатата треба да заврши во период од еден месец.

При земјотресот лани, за 15 објекти беше утврдено дека воопшто не се за живеење, додека оштетувања имаше и на неколку јавни објекти, како што беа Основното училиште „Братство и единство“ и една од градинките. Најсилниот земјотрес кој го погоди Охрид беше на 3 јули 2017 година, со јачина од 5,1 степен според Рихтер.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Синдикатот на Пошта бара нова систематизација, најавува протести и штрајк

Синдикатот на Македонска пошта најави дека во соработка со вработените и со ангажирање на експерти ќе подготви нова систематизација што ќе ја достави до новата влада со барање истата...