fbpx

Охриѓанец фалсификувал документи за да намести претседател на здружение на инвалидски пензионери

-

СВР од Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе посебен извештај поврзан со 75-годишно лице од Охрид што го товари за злоупотреба на службената положба и овластување и за фалсификување или уништување деловни книги.

Пријавениот, во својство на претседател на Здружение на инвалидски пензионери од Охрид, со искористување на службената положба и овластување и со пречекорување на своите овластувања, на годишното собрание одржано во март 2011 година, спротивно на статутот, влијаел да се донесат неколку одлуки, меѓу кои и за избор на претседател.

Поднел лажни податоци за двајца членови и потписници на собранието кои не биле членови на Здружението на инвалидски пензионери, туку се членови на Здружението на старосни пензионери. Со такво внесување лажни податоци во службен документ, што е должен да го води врз основа на закон, пријавениот подготвил и со свој потпис и со печат заверил документ за одржано годишно собрание и членови на собрание со невистинити податоци.

Исто така, за годишното собрание во 2011 година како член на здружението, евидентирал лице кое починало во декември 2009 година, со што пријавениот повторно внел и доставил лажни и неверодостојни податоци за членови на здружението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Објавен прирачник за употреба на вештачка интелигенција во новинарството

Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) промовираше Прирачник за едукатори по Новинарство: Известување за Вештачка Интелигенција издаден од УНЕСКО, а објавен на македонски и на албански јазик....