fbpx

„Охридско лето“ му подари реплика од Златната маска на маестро Иво Погорелиќ

-

Фестивалот „Охридско лето“ на хрватскиот пијанист со светска слава, Иво Погорелиќ, кој годинава имаше настап на фестивалот, му подари реплика од Златната маска од Требеништа. Подарок, пеперутка од филигран, доби и неговиот менаџер.

Селекторката на музичката програма на фестивалот „Охридско лето“, Гордана Јосифова-Неделковска, заблагодарувајќи му се на големиот маестро за неповторливиот настап и за вториот концерт, рече дека матадорот на пијаното, маестро Иво Погорелиќ, ја маѓепса публиката.

– Доживеавме уште една уникатна изведба, исполнета со многу енергија, длабока емоционалност и сензибилитет ја остави без здив многубројната публика. Уште еднаш се потврди дека големите уметници се, пред сè, големи луѓе. Овој концерт предизвика огромен интерес и не само кај домашната публика. Имаме многу странски посетители, кои дојдоа само за да го слушаат овој голем уметник, што нам како организатори ни е особено драго – рече Јосифова-Неделковска.

Светската ѕвезда на пијаното, Погорелиќ, на својот пат до славата често настапуваше и на фестивалот „Охридско лето“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...