fbpx

Охридската стрелачка Нина Балабан е прв наш потврден учесник на ЛОИ 2016

-

Најдобрата македонска стрелачка, охриѓанката Нина Балабан е првиот македонски спортист кој доби потврда за учество на Летните олимписки игри 2016 во Рио де Женеиро.

Како што информираат од Македонскиот олимписки комитет (МОК), тие во тесна соработка со Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) обезбедиле покана за учество на Нина Балабан на ЛОИ 2016, со што таа е првиот потврден учесник од Република Македонија на Олимписките игри во Рио годинава.

МОК во изминат период во целост ги финансираше сите настапи на Нина Балабан како олимписки стипендист, при што таа оствари MQS резултат, односно постигна минимален резултат за добивање покана од страна на ИОК за пат во Бразил.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...