fbpx

Охридската полиција трага по маж исчезнат кај Велестово

-

Полициски службеници почнаа акција за пребарување на теренот околу Велестово за да го пронајдат 64-годишниот К.Ф. од охридското село Рача, кој синоќа во 18 часот е пријавен за исчезнат.

Како што соопшти МВР, полициските активности почнале набргу по пријавувањето и биле насочени кон местото Крстец, во атарот на селото Велестово.

„Претресот на планинскиот дел траеше до 1.30 часот утрово, а продолжува и денеска. Во посебните полициски мерки за преглед и претрес на терен во потрага по исчезнато лице, денеска ќе бидат ангажирани и службени полициски кучиња за потрага по лица од соодветната полициска единица при Министерството за внатрешни работи на Република Македонија“, наведуваат од МВР.

Прегледот и претресот на терен се одвива во содејство со единицата за интервенции и за спасување на планини и на непристапни терени при Црвениот крст од Охрид, како и со месното население од селото Рача.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...