!Во периодот што претстои работиме на воведување систем за пристап и за претплата. За начинот на пристап и за претплатата ќе информираме дополнително. Содржините на „Мета“ до тогаш се слободни за преземање со задолжително цитирање и атрибуирање.

Охрид и МПЦ го чествуваат Свети Климент Охридски


       

Вечерва од 19.30 часот, со свечена академија што ќе се одржи во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охрид ќе го одбележи празникот на својот заштитник – патронот свети Климент Охридски.
Беседа ќе одржи градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески, а ќе бидат доделени наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“.

Добитник на највисокото општинско признание, наградата „Св. Климент Охридски“, оваа година е основното музичко училиште „Методи Патче“, а на повелбата добитник е олимпијката Нина Балабан.
По повод одбележувањето на денот на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски, се одржуваат низа свечености.

Во 12 часот, се промовираа 80 получасовни документарни емисии за минатото на Охрид, „Охрид во моите спомени“ од Илче Стојаноски.

Во 18.30 часот, во галеријата на Центарот за култура ќе се одржи традиционалната изложба на Фото-клуб „Охрид“, а во 19 часот ќе биде отворена изложбата на домашни ликовни уметници.

Утре ќе се изврши поклонение пред моштите на свети Климент во црквата на Плаошник.
Во 11 часот, во комплексот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“, ќе биде откриена плоча посветена на Михајло Пупин, спомен-плоча посветена на старото дрво кочеџик, а ќе се одржи и изложба на стари фотографии од комплексот на Перивлепта и од градот Охрид во периодот од 1920 до 1930 година.

Во 12.30 часот ќе се положи свежо цвеќе на споменикот на св. Климент Охридски на градскиот плоштад, а во 19 часот во Центарот за култура ќе почне свечената приредба по повод патрониот празник на основното училиште „Св.Климент Охридски“.

Во чествувањетво учествува и МПЦ. Дебарско-кичевската епархија вечерва ќе служи празнична вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, по повод јубилејниот празник, 1.100 години од блаженото упокојувањето на свети Климент Охридски, со која ќе
чиноначалствува дебарско-кичевскиот митрополит, г.Тимотеј.