fbpx

Излезот од кризата е кај македонските партии, порача Ахмети по средбата со Билт

-

Сите треба да се однесуваме одговорно, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по средбата со поранешниот премиер и шеф на шведската дипломатија, Карл Билт.

– Ова беше многу интересна средба затоа што Карл Билт има многу големо искуство и е голем познавач на овдешната политика, на Балканот, па и пошироко. Треба сите да се однесуваме одговорно – рече Ахмети.

На прашање дали е предвидено одржување лидерска средба, Ахмети рече дека нема никакви најави за одржување средба во таков формат.

Во однос на информациите дека за време на Велигден требало да има средба со СДСМ и оти планирале во Собранието, без учество на ВМРО-ДПМНЕ, да изберат собраниски спикер, Ахмети рече тоа се шпекулации.

– Тоа е тежок процес и треба внимателно да се однесуваме. Знаете дека Собранието деновиве не работеше поради празниците. ДУИ, како партија, досега направи сè и вложи многу напори за да се формира парламентарното мнозинство, но сега одлуката за излез од оваа ситуација и за продолжување на понатамошниот процес е кај големите македонски политички партии – рече Ахмети.

Билт повтори дека тука е да ги сослуша партиите и дека решението е во Уставот.

– Денеска, како што знаете, остварувам средба со политичките партии во Македонија. Тие се тие што треба да го најдат патот за решение. Пораката е таа што ја напишав на „Твитер“: Устав, демократија и Европа – рече Билт.

Прашан како го коментира тоа што нема да се види со Иванов, тој рече: „Уште подобро, затоа што и така и така немам време денеска“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...