fbpx

Одлуката за изборот на Џафери стигнала, „Службен весник“ ќе ја објави наредната недела

-

„Службен весник“ денеска соопшти дека е доставено барање за објавување на одлуката за избор на претседател на Собранието и дека таа ќе биде објавена на почетокот од наредната недела во првиот број на „Службен весник“.

„Во согласност со позитивните законски прописи во однос на поднесеното барање, одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија ќе биде објавена во првиот нареден број на „Службен весник“ на почетокот од наредната недела“, се вели во соопштението.

Поранешниот генерален секретар на Собранието, Александар Новаковски, во изјава за телевизија „Телма“ вели дека „Службен весник“ може да објави вонредно издание за да ја објави оваа одлука, која е битна.

„Роковите тука воопшто не се битни. „Службен весник“ може да објави и вонредно издание за да ја објави оваа одлука која е исклучително битна, имајќи ја предвид ситуацијата во која се наоѓа државата. Со оглед на тоа на што сè бевме сведоци и какви сè случувања имаше, нема дилема – таа треба веднаш да се објави“, изјави Новаковски.

Инаку, претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска е во прва официјална посета на Брисел, на покана на високите претставници на Европската Унија и на Европскиот парламент.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Мерките што важеа во ковид пандемијата злоупотребени за антикампања на Филипче

Во објавата што ја рецензираме се пропушта контекстот и за глобалната пандемија, која имаше влијание врз целиот свет во поглед на економијата и бизнисот, а и неосновано се обвинува...