fbpx

Одложено судењето на осомничениот за нападите во Париз

-

Судењето во Белгија на еден од осомничените за нападите на Исламска држава изведени во Париз 2015 година е одложено за 5 февруари.

Салах Абдеслам, Француз кој живеел и пораснал во Брисел, за вратил во Белгија по нападите во Париз од 13 ноември 2015 година, во кои загинаа 130 лица. Тој со месеци се криеше од полицијата, пред да биде уапсен. Четири дена по неговото апсење, на 18 март 2016 година Брисел беше погоден од терористички напад.

На Абдеслам му се суди во Белгија за наводна вмешаност во вооружена пресметка со полицијата во бриселската општина Форест, три дена пред апсењето, во близина на неговиот семеен дом.
Абдеслам, чие судење требаше да се одржи денеска, доби нов адвокат, кој побара повеќе време за да се подготви за случајот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...