fbpx

Одложено рочиштето за „Титаник 3“ бидејќи Ејуп Аљими морал да биде во Собранието

-

Денешното судско рочиште за предметот „Титаник 3“ беше одложено, бидејќи едниот од обвинетите во овој процес на СЈО, Ејуп Аљими, известил дека не може да биде на рочиштето бидејќи мора да учествува во денешната седница на Собранието, на која треба да се ратификува спогодбата со Грција.

Наредното судско рочиште е закажано за 28 јуни, за кога е планирано да се слушнат изјавите на сведоците во случајот.

Во случајот Титаник 3 обвинети се Аљими и Исмет Гури, кои се товарат за уништување изборен материјал како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година, со што влијаеле на изборниот резултат. Тие претходно се изјаснија како невини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...