fbpx

Владата го одложи издавањето на еврообврзницата

-

Македонија го одложи издавањето на седумгодишната еврообврзница откако член на опозицискиот СДСМ денеска преку писмо до банките гаранти ја оспорил легалноста на постапката, јавува „Ројтерс“.

Во писмото, било наведено дека земјава нема соодветен правен механизам за издавање на еврообврзницата и доколку се издаде, можно е да прекрши одредени закони и правила во Македонија.

СДСМ и во соопштение до јавноста предупреди дека одлуката за новата еврообврзница ќе биде незаконска и по изгласувањето на ребалансот на буџетот бидејќи сумата од 650 милиони евра ја надминува ставката за странски задолжувања и со предлог-ребалансот на буџетот.

– Новиот министер Миноски, сите членови на Владата и потенцијалните кредитори ги предупредуваме дека на сила се промените во Законот за Влада (Сл. весник број 196/15) направени во согласност со Договорот од Пржино. Ова значи дека оваа еврообврзница, која Владата од петни жили се обидува да ја протурка пред да замине од власт, мора да ја има истата процедура за издавање како и претходната еврообврзница од минатата година. Во спротивно, таа ќе биде незаконска и не може да се третира како јавен долг на Македонија – се велеше во соопштението на СДСМ.

Инаку, премиерот Емил Димитриев денеска изјави дека целта на издавањето на еврообврзницата е да се обезбеди економската ликвидност на државата и навремена исплата на плати, пензии и на социјални трансфери.

– Еврообврзница не е нешто што се случува исклучиво во Република Македонија или е за првпат. Тоа е нормален механизам во одредена ситуација кога ѝ се потребни средства на државата за нејзината економска ликвидност. Ние имавме обид за подигнување на еврообврзница, меѓутоа беше блокирана бидејќи тој обид беше во ситуација кога бевме мешана влада – изјави Димитриев.

Според Владата, овој допис е политички мотивиран и нема законска основа за оспорување на надлежноста и за издавањето на обврзницата, пишува „Ројтерс.“

Денеска „Ројтерс“ објави дека Македонија ја понудила еврообврзницата на светските берзи, а каматата за неа ќе изнесува 5 проценти. Еврообврзницата е со рок на доспевање од седум години, а главни банки кои управуваат со продажбата на емисијата се „Сити груп“, „Дојче банка“, „Ерсте група“ и „Сосиете женерал“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Млади ќе креираат стрипови за меѓуетнички дијалог и борба против дискриминација

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на проектот „Да и дадеме шанса на инклузијата“ од вториот отворен повик на Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на...