Неколку часа откако Владата на Република Македонија најави дека следната седмица, односно на 21 март, ќе се одржи заедничка владина седница со Владата на Република Србија, владината служба за информирање испрати соопштение дека седницата ќе биде одложена.
Како причина се наведени неодложни обврски на српската премиерка Ана Брнабиќ.