fbpx

Одговорност, визија, прагматизам и храброст побара Могерини во обраќањето во Собранието

-

Кога ќе помислам на ситуацијата на овој дом пред една година, можам да констатирам дека поминавте долг пат. Добрите вести се дека се вративте на патот, ја надминавте најлошата политичка и институционална криза и ова е големо достигнување со кое може да се гордеете.

Ова го истакна високата претставничка за надворешна политика и безбедност на Европската Унија Федерика Могерини во своето обраќање пред пратениците во Собранието.

Таа додаде дека чистата препорака за отпочнување на преговори е достигнување не само на владата туку и на сите институции, претседателот, Собранието, опозицијата, сите партии, локалните власти, граѓанското општество како одлучноста на граѓаните.

Могерини истакна дека препораката значи дека Брисел ги препознал достигнувањата, но дека во иднина ќе биде потребно повеќе единство, повеќе заложби и работа која повторно ќе биде ценета.

– Ја споделувате обврската да се грижите за иднината на своите граѓани и иднината на државата. Владата има одговорност да ја вклучи опозицијата, а опозицијата има одговорност да даде придонес. Имате обврска да ги идентификувате националните приоритети кои што ќе бидат приоритети на сите граѓани и имате обврска за овие приоритети да соработувате. Не постои ризик да загубите нешто во земјата, она што може да го загубите е да не постигнете резултати. Вашите граѓаните бараат да се обедините за да ги постигнете овие цели – рече Могерини.

Високата претставничка на ЕУ изрази задоволство што опозицијата се врати во Собранието и додаде дека реформите кои што се усвоени треба да се спроведат, одржуваат и продлабочуваат. Според неа владата направила добри чекори за продлабочување на билатералните односи и изрази надеж дека во разговорите со Грција ќе биде постигнато конечно решени.

– Одговорност, визија, прагматизам и храброст се и ќе бидат потребни. Време е да почнеме да трчаме, да трчаме заедно, да трчате еден со друг и со вашите соседи и убедена сум дека со таква трка ќе стигнете далеку – додаде Могерини.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...