fbpx

#Одговорност е oбиколница што не предизвикува поплави

-

Скопската обиколница во поплавата што ги погоди североисточните делови на Скопската Котлина на 6 август годинава, се претвори во апокалиптичен соучесник на надојдените води. Кај Стајковци таа насобра вода која однесе човечки животи и нанесе огромни штети на објекти и на автомобили и засекогаш го измени животот на илјадници жители на Стајковци и на другите населени места во близината.

Воопшто не морало да биде така, порачаа дузина експерти, од кои и еден вработен во УХМР. Само требало да се избегнат почетнички грешки при проектирањето и надзорот, односно требало да се направат соодветни испусти под коловозот, порачаа тие, образложувајќи дека тоа е само еден од проблемите што доведоа до катастрофата. Наспроти тоа, обиколницата во 2009 година беше пуштена во употреба помпезно – но неодговорно!

За почеток, м-р Васко Стојов од државната Управа за хидрометеоролошки работи (УХМР) по поплавите посочи дека нема доволно водопропусни отвори под обиколницата, како и дека каналите се исполнети со смет и со шут и претераното градење, асфалтирање и бетонирање се пречката за поинакво движење на водите.

Идентична оценка даде и д-р Ивица Милевски од Институтот за географија при ПМФ, а универзитетскиот професор, експерт за ерозија, Александар Трендафилов, скопската обиколница ја прогласи за вештачка брана, согласувајќи се со претходните двајца.

Но, не требало да се чека катастрофа и пост-фестум анализи.

Предупредувањето е дадено уште пред Груевски да ја пушти обиколницата на 22 јуни 2009 година.

obikolnica a1

Претходно двапати вода се насобирала на обиколницата, а потоа и се прелевала во куќите до неа. И наместо да се побараат причините, Агенцијата за државни патишта се обидувала да се испере од одговорноста, тврдејќи дека за поплавените објекти се виновни жителите. За жал, демантот што го даде поплавата – дека, сепак, немало доволно испусти за водата – стаса премногу доцна.

Можеше да биде малку поинаку – доколку властите имаа вистинско чувство на одговорност!

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...