fbpx

Одговорите на предлог-мерките ќе се знаат идната недела

-

Грција и Македонија наскоро ќе ги разменат одговорите за предлог-мерките за градење доверба, соопшти македонското Министерство за внатрешни работи.

„Разменети се предлозите, а наскоро ќе се разменат одговорите од двете страни околу тоа кои предлози се прифатливи. Потоа ќе се пристапи кон примена на мерките за градење доверба, кои се прифатливи и за Македонија и за Грција“, соопштија од МНР, додавајќи дека „следната недела ќе се знае што е прифатливо за двете страни“.

Шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас, минатата недела во Њујорк изјави дека официјална Атина ги разгледувала македонските предлози и увиделе дека листата од македонската влада има заеднички точки и предлози со листата сугестии од грчка страна.

– Пред еден месец, во Рига се сретнав со министерот за надворешни работи на ФИРОМ, кој има исто име со мене, Никола, се вика, значи, Никос, и му предложив да разговараме за мерки за градење на довербата. Немаше веднаш одговор, но на крај владата од соседната држава се согласи на ваков разговор. Во Будимпешта разменивме каталози со точки за мерки за градење доверба и како што анализиравме последниве денови, постои сличност за одредени точки – истакна Коѕиас.

Во меѓувреме, дописникот на „Мета“ од Атина јавува дека грчките дипломати не сакаат ништо да коментораат за медиумите, бидејќи сметаат дека на тој начин преговорите за предлог-мерките за градења доверба ќе успеат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...