fbpx

Одбележување на 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон

-

САД денеска ја одбележуваат 14-годишнината од терористичките напади на Њујорк и на Вашингтон, извршени на 11 септември 2001 година. Во нападите со киднапираните авиони загинаа 3.000 лица.

Во Пенсилванија денеска, по тој повод, е отворен меморијален центар посветен на жртвите од патничкиот авион „Јунајтед ерлајнс“, на летот 93, еден од четирите киднапирани авиони.

Авионот не стигна до целта. Истрагата потврди дека мета бил Капитол хил во Вашингтон. Два авиона се урнати во кулите на Светскиот трговски центар во Њујорк, а еден падна на зградата на Пентагон, во главниот град на САД.

Претседателот на САД, Барак Обама, ќе ја посети воената база Форт Меди и ќе разговара со војниците стационирани таму, соопшти Белата куќа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...