fbpx

Одбележана годишнина од протестот за Кежаровски

-

Неколку десетици граѓани и новинари денеска се собраа на платото пред Музејот на револуционерната борба, за да ја одбележат годишнината од протестот кога беше уапсен новинарот Томислав Кежаровски. На годишнината присуствуваше и Кежаровски со семејството.

Иницијативата за одбележување на денот беше на Кежаровски. Тој на својот профил на социјалната мрежа „Фејсбук“ напиша дека сака да им заблагодари на колегите што му даваа поддршка додека беше во притвор.

– Дојдов денеска на ова, за мене, свето место за да искажам искрена благодарност на сите мои колеги и на сите поддржувачи на слободата на говорот, кои на овој ден пред две години го кренаа гласот против одлуката на судот да бидам осуден на четири и полгодишна затворска казна за напишан текст. Тогаш не бев во можност да бидам со нив. Бев во затвор. Не бев во можност ниту лани кога се одбележуваше една година од настанот, бев во куќен притвор. Затоа сега, на овој ден, сум тука каде што полицијата крена рака на новинарите, каде што полицијата крена рака на слободоумниот човек, каде што некој сакаше да го замолчи народот – изјави Кежаровски.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...