fbpx

Од утре почнува увидот во Избирачкиот список за референдумот

-

Од утре почнува проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот на 30 септември кој ќе трае до 23 август 2018 година на полноќ.

ДИК ги повика граѓаните да ги проверат податоците во Избирачкиот список, и доколку сметаат дека е потребно, да побараат измена, дополнување или бришење на податоците во него. Проверката на податоците може да го направат преку веб-страницата на ДИК https://izbirackispisok.gov.mk/ и во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК.

Барањата за измена, дополнување или бришење на податоците во избирачкиот список, граѓаните ги поднесуваат во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, додека државјаните на РМ кои се на привремена работа или престој во странство го поднесуваат по електронска пошта до ДИК.

Пријавата ДКП-та, односно конзуларните канцеларии во рок од два дена по завршување на увидот треба да ги достави електронски до МНР, а МНР, пак, најдоцна до 27 август треба да ја извести ДИК. Инаку, дијаспората за референдумското прашање ќе се изјасни на 29 септември.

ДИК по барањата и пријавите на граѓаните е должен да одлучи со решение во рок од 48 часа од денот на приемот на барањето. Доколку биде донесено решение со кое се одбива барањето, граѓанинот во рок од 24 часа од приемот на решението може да поднесе тужба до Врховниот суд. Врховниот суд во рок од 24 часа по приемот на тужбата и одлуката веднаш му ја доставува на тужителот по електронски пат.

Избирачкиот список што се става на јавен увид е со состојба на податоци на граѓаните кои заклучно со 30 септември 2018 година станале полнолетни.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...