fbpx

Од следната недела возење во ЈСП само со електронска картичка

-

Eлектронската наплата во автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и приватните превозници ќе почне задолжително да се применува од следната недела. Првичната цена на електронска картичка ќе изнесува 150 денари.

Покрај во возилата, картичките ќе може да се купат и во сите 26 билетарници на ЈСП, во инфо-центрите, како и во продавниците кои имаат склучено договор со ЈСП, информираат од ова претпријатие.

Секој патник во јавниот градски превоз ќе биде должен да поседува ваква карта, персонализирана или неперсонализирана за лица кои поретко користат јавен градски превоз и на која нема да има фотографија.

Возењето и понатаму ќе чини 35 денари, а кредитот на картичките ќе може да се дополнува со најмалку 100 денари. Ќе постои и опција за плаќање со помош на мобилен телефон, но истото ќе чини 40 денари.

За официјалниот почеток на новиот начин на наплата граѓаните дополнително ќе бидат информирани преку плакати во возилата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...