fbpx

Од рибокрадци одземени рибарски мрежи, риба, опрема и риболовен алат

-

Рибарски мрежи во вкупна должина од околу 2.000 метри, сто парчиња риба – охридска белвица, едно кајче и повеќе примероци од риболовен алат, прибор и друга опрема, се пронајдени и одземени при патроли на полициската станица за граничен надзор на Охридско Езеро.

Акциските контроли на езерската полиција се реализираа пред два дена, во соработка со инспектори од Државниот инспекторат за земјоделство, по целата должина на северо-западната езерска гранична линија, но и во другиот дел од територијалните води на езерскиот басен. Акциите беа координирани со полициски службеници од полициската станица за граничен надзор Франгово.

Во нелегален риболов затекнат е еден жител од струшкото крајезерско село Калишта, кој забележувајќи ја патролата, се обидел да побегне. Од неговиот чамец одземен е улов од риба – белвица и пастрмка, како и друга рибарска опрема.

Во водите на Охридско Езеро, во истиот регион, езерската патрола пронајде висечки рибарски мрежи кои се најстрого забранети за користење и за риболов.

За пронајдените риби и рибарска опрема, запознат е јавниот обвинител и подготвен е записник. Со потврда, целокупното количество риба и другите предмети се одземени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...