fbpx

Од полноќ бензините поевтинуваат за 4,5 денари, а дизелот за 4 денари

-

Од ноќеска на полноќ, малопродажните цени на бензините и на дизел-горивото поевтинуваат за 4,5, односно за 4 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).

Со новото намалување, еден литар „еуросупер БС-95“ ќе се продава за цена од 65,50 денари, а еден литар „еуросупер БС-98“ ќе чини 67 денари.

Малопродажните цени на „еуродизел“ ќе изнесува 56 денари за еден литар, а екстралесното масло за домаќинство ќе се продава за 44,50 денари за еден литар.

Цената на „мазутот М-1 НС“ во малопродажба се намалува за 3,354 денари за еден килограм и ќе изнасува 27,512 денари за еден килограм.

Малопродажните цени на нафтените деривати во согласност со методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 7,57 отсто, соопштуваат од РКЕ.

РКЕ ја утврди новата цена на горивата врз основа на движењата на цената на суровата нафта на светскиот пазар и курсот на денарот во однос на доларот во изминатите 14 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грчкиот дипломат Рокас доаѓа на местото на Дејвид Гир како амбасадор на ЕУ за С. Македонија

Жосеп Борел, високиот претставник на Европската Унија, номинираше 44 нови шефови на делегации на ЕУ, вклучително и нови амбасадори на ЕУ во Босна и Херцеговина, Црна Гора и Северна...