fbpx

Од почетокот на годинава, 17 нови тужби против новинари

-

Според податоците на основните судови, што НВО Инфоцентар и ЦРМ ги добија преку пристапот до информации од јавен карактер, во периодот од две години, ноември 2012 – декември 2014 година, пред девет основни судови во Македонија (Гостивар, Велес, Струмица, Битола, Прилеп, Штип, Тетово, Куманово и Скопје 2), се покренати вкупно 520 судски процеси за навреда и клевета, од кои 74,4 проценти се веќе завршени, а 25,6 отсто се сè уште во тек. Најголемиот број од судските постапки за навреда и за клевета се водат во скопскиот основен суд – (328) 63 проценти , а најмалку во Тетово – (5) 0,96 отсто.

Во соопштението на ЦРМ пишува дека загрижува тенденцијата на постојано и континуирано покренување судски постапки против новинарите. Од почетокот на 2015 година, само пред скопскиот основен суд се покренати 30 нови судски постапки, од кои повеќе од половината – (17) 56 отсто се однесуваат на новинари и на медиуми.

За интензитетот и за должината на судските постапки против новинарите, зборува и податокот дека во периодот јануари – јуни 2015 година, просечно се одвиваа триесетина судски процеси, со 20 рочишта месечно. Во последните 12 месеци, завршени се 56 случаи, но поголемиот дел од пресудите сè уште не се готови, а за дел сè уште се води жалбена постапка пред Апелацискиот суд. Ваквата ситуацијата доведува до тоа некои од постапките за навреда и за клевета да траат и повеќе од две години, што е во спротивност со Законот за граѓанска одговорност за навреда и за клевета, според кој постапките се итни.

„Досегашната практика покажува дека постои загрижувачки драстична разлика во работењето на судиите, кога станува збор за процеси во кои како странки се јавуваат политичари, односно државни функционери, наспроти случаите во кои нема нивна инволвираност. Кога во случаите како една од странките се јавува државен функционер, односно политичар, видливо е дека тие се одвиваат побрзо, односно видлива е тенденцијата за поитно постапување на судот“, пишува во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...