Авиокомпанијата „Катар ервејс“ најавува директна авиолинија Скопје – Доха од октомври годинава. Официјален допис за новиот лет, авиокомпанијата доставила вчера до македонското Министерство за транспорт и врски.
Ресорниот министер Владо Мисајловски денеска изјави дека деталите за летот ќе ги промовира авиокомпанијата и оти очекува од октомври да се реализира најавата.
– Сакам да се заблагодарам на амбасадорот на Катар и на сите со кои соработувавме во последните месеци, што веднаш ги прифатија барањата – изјави министерот Владо Мисајловски.